Данската фудбалска федерација денес соопшти дека репрезентативците нема да смеат да праќаат пораки од своите лични профили на друштвените мрежи за време на Европското првенство.
Според соопштението, селекторот Мортен Олсен сакал фудбалерите да се фокусираат на првенството, а екипата ќе праќа пораки до навивачите преку посебни профили на друштвените мрежи.
Оваа одлука веднаш наиде на негативни коментари. Голманот на репрезентацијата, Томас Соренсен одлуката ја нарече срамна затоа што не смее да им се забрани на фудбалерите да го искажат своето мислење.
Данскиот министер за спорт, Уфе Елбек изјави дека оваа забрана е „кршење на слободата на говорот".