Како да се сопре Нејмар?

Бразилското чудо Нејмар продолжува да ги излудува противниците кои во немоќност да го сопрат, употребуваат разни техники да го „сотрат“.

Пред десетина дена понижените дефанзивци се обидоа да го сопрат со фаул и еден од нив заработи црвен картон.

Викендов истото го стори уште еден противнички фудбалер, но за тоа доби само жолт картон.

А вчера на натпреварот од Копа Либертадорес, навивачите на Боливар во желба да им помогнат на своите фудбалери, се обидоа да го онеспособат гаѓајки го со тврд предмет во глава.

26 април 2012 - 12:00