На денешните седум одиграни натпревари во Премиер лигата беа постигнати 25 голови или нешто повеќе од 3,5 по натпревар. Во првите 15 минути од денешните натпревари беа постигна осум голови што е рекорд за оваа сезона. Просекот беше расипан со дербито на Бирмингем каде ВБА и Астон Вила одиграа без голови.
„Само" два гола беа постигнати на натпреварот помеѓу Стоук и Арсенал. Најдобриот стрелец во лигата, Робин ван Перси го постигна својот 35-ти погодок, а голот на Питер Крауч беше 44-ти примен гол за Арсенал оваа сезона, со што е срушен негативен клупски рекорд откако во Премиер лигата се играат по 38 натпревари во сезона.
Препородените фудбалери на Виган кои во првите 29 кола забележаа само четири победи, денес прославија и петта победа на последните седум натпревари. Тие ја прекинаа серијата од шест победи на Њукасл и си ги зголемија шансите за опстанок со голема победа од 4:0.
По четири голови беа постигнати и при победата на Евертон над Фулам со 4:0 и ремито на Сандерленд и Болтон. Свонси и Вулверхемптон без никаков резултатски притисок, одиграа највозбудлив натпревар кој заврши 4:4.
Најрасположен од сите стрелци беше Уругваецот Луис Суарез кој го постигна својот прв хет-трик во дресот на Ливерпул. Тој ги постигна сите голови при победата на гостувањето кај Норич, а последниот погодок беше мајсторија од околу 50 метри.
ПРЕМИЕР ЛИГА - 36. КОЛО:
сабота:
Евертон - Фулам 4:0
Јелавиќ 7п, 39, Фелаини 16, Кејхил 60
Стоук Сити - Арсенал 1:1
Крауч 10 - Ван Перси 15
Свонси - Вулверхемптон 4:4
Орланди 1, Ален 4, Дајер 15, Грејем 31 - Флечер 28, Џарвис 33, 69, Едвардс 54
Сандерленд - Болтон 2:2
Бендтнер 36, Меклин 55 - К. Дејвис 26, 70
ВБА - Астон Вила 0:0
Виган - Њукасл 4:0
Мозес 13, 15, Малони 36, Ди Санто 45+3
Норич - Ливерпул 0:3
Суарез 24, 28, 82
недела:
14.30: Челси - Квинс Парк Ренџерс
17.00: Тотенхем - Блекбурн
понеделник:
21.00: Манчестер Сити - Манчестер Јунајтед