Дерик Роуз оваа сезона одигра само 39 натпревари за Чикаго Булс на кои во просек имаше учинок од 21,8 поени и 7,9 асистенции. Оваа сезона не помина според очекувањата за минатогодишниот МВП, но сепак тој е најпопуларен играч во лигата според бројот на продадени дресови.
На второто место на оваа листа се најде Џереми Лин. Кошаркарот за кој никој немаше слушнато пред јануари, а во продавниците не се ни продаваа продукти со неговото име, успеа за само неколку месеци да продаде повеќе дресови од многу поголеми НБА ѕвезди.
Дресот на Коби Брајант во минатото беше најпродаван дури шест години години, но оваа сезона тој е на третото место. Помеѓу играчите со најпродавани пет дреса во НБА лигата се најдоа и Леброн Џејмс од Мајами и Кармело Ентони од Њујорк.
Земајќи ги во предвид сите играчи од тимовите, за прв пат од 2001-та година на врвот на листата за најпродавани дресови е Чикаго Булс. На второто место по продажба на дресови е Њујорк, а зад нив се Лејкерс, Мајами и шампионот Далас.