Со 50 победи и 16 порази, екипата на Чикаго Булс го оствари најдобриот резултат пред плејофот и стекна предност на домашен терен.
За разлика од Чикаго, оваа сезона најлошо им одеше на Шарлот Бобкетс кои со само седум победи и 59 порази, станаа најлошиот тим во историјата на НБА лигата.
Оваа скратена сезона ќе остане запаметена по задоцнувањето на стартот од повеќе од 100 дена заради „локаут" периодот, но и по многу интересни моменти.
А сега следуа она вистинското. Следува плејоф. Веќе во првата рунда од плејофот ќе гледаме интересно дерби помеѓу Мајами и Њујорк.
НБА плејоф:
Источна конференција:
Чикаго - Филаделфија
Мајами - Њујорк
Индијана - Орландо
Бостон - Атланта
Западна конференција:
Сан Антонио - Јута
Оклахома - Далас
ЛА Лејкерс - Денвер
Мемфис - ЛА Клиперс
Пласман во следното коло на плејофот ќе изборат екипите кои први ќе стигнат до четири победи.