Челниците на Фудбалската асоцијација на Англија денес со огромен оптимизам за нов селектор на репрезентацијата го претставија човекот кој во својата тренерска кариера има забележано успех само во клупски фудбал во Шведска и Данска.
Рој Хоџсон и официјално е селектор на Англија. Тој со Фудбалската асоцијација потпиша договор со траење од четири години, но преостанува да видиме колку долго ќе се задржи на жешката селекторска фотелја.
Хоџсон стартуваше со огромен оптимизам и веќе најави дека ќе атакува на освојување на Европското првенство. Оптимисти се и Англичаните. Тој е единствениот Англичанец со интернационално искуство кој ја предводел нивната репрезентација.
Но кое е неговото искуство и неговите успеси?
64-годишниот стратег во својата кариера има предводено 15 клубови и три репрезентации, а единствените успеси му се од првенствата на Шведска и Данска кога ги предводел Халмштад, Малме и Копенхаген. Со екипите на Интер и Фулам има стигнато до финалињата на УЕФА Купот и Европа Лигата.