Фудбалскиот клуб од португалската Премиер лига, Униао Леирија одигра натпревар против Феиренше со само осум фудбалери откако 16 други играчи ги раскинаа договорите заради неплатени долгови.
Постоеше голема опасност дека натпреварот нема да се одигра затоа што Леирија немаше минимум седум фудбалери, но во последен момент тие собраа тим.
Во стартната постава се најдоа двајца професионалени фудбалери кои се под договор со Леирија, четворица позајмени играчи од Бенфика, како и двајца членови на младинскиот тим.
Да биде комедијата поголема, на натпреварот требало да настапи и Алфосејни Кеита од Мали, но пред почетокот тој украл куферче во кое имало 6.000 евра кои клубот ги наменил за трошоците за одигрување на натпреварот и побегнал од стадионот облечен во дрес и копачки.
На фудбалерите на Феиренше им беа потребни 45 минути за да го срушат отпорот на осуммината од Леирија, а на крајот победија со 0:4.
Порто ја обезбеди титулата
Додека Леирија е на последното место и им се заканува испаѓање од лигата, екипата на Порто си ја обезбеди титулата по одигрувањето на 28-то коло во португалската Премиер лига.
Ривалот Бенфика одигра само 2:2 кај Рио Аве, а Порто со двата гола на Хулк го победи Маритимо и си ја одбрани титулата од минатата година. Ова е 26-та титула за Порто во домашното првенство.