Барселона го растури Рајо Ваљекано со 0:7, а стрелец на петтиот гол беше Тиаго Алкантара. По постигнувањето на голот, тој и Дани Алвеш започнаа прослава со танцување, но нивната забава веднаш беше растурена од капитенот Пујол.
На Рајо Ваљекано, тимот од предградието на Мадрид, му се заканува испаѓање од шпанската Примера, па прославата на Алкантара и Алвеш беше само сол на раната при декласирањето од Барса.
Веднаш по натпреварот, тренерот во заминување, Гвардиола им се извини на домаќините за прославата, а малку подоцна и самите фудбалери беа приморани да го сторат истото преку пораки на своите Твитер профили.