Ниту најавата за заминувањето на Гвардиола, ниту загубените титули од шпанската Примера и Лигата на шампиони не ги демотивираа фудбалерите на Барселона. Тоа можеби им предизвика и дополнителен гнев, па тие му се истурија на Рајо Ваљекано.
Лионел Меси ги постигна првиот и последниот гол на овој натпревар, со што тој со 43 погодоци се израмни со Кристијано Роналдо на врвот на листата на стрелци.
Два гола постигна Педро, по еднаш во листата на стрелци се запишаа Кеита и Алкантара, а еднаш и Роберто Кореа си ја затресе својата мрежа.
Реал Мадрид по седми пат во серија ја победи Севиља, но не многу лесно како што се очекуваше. Фудбалерите на Севиља имаа еден неправедно поништен гол и промашија во неколку изгледни ситуации за гол, а на спротивната страна „кралевите" си ги искористија своите шанси.
Првиот погодок беше дело на Кристијано Роналдо кој го постигна својот 43-ти гол оваа сезона во 19-та минута од натпреварот.
Во второто полувреме Бензема искористи колосална грешка на дефанзивците на Севиља и стрелаше за 2:0, а францускиот репрезентативец беше стрелец и на третиот гол за Реал Мадрид по само четири минути.
Со оваа победа Реал Мадрид можеше да ја обезбеди титулата доколку кикснеше Барселона, но прославата е одложена за некое следно коло.
ПРИМЕРА - 35. КОЛО:
недела:
Реал Мадрид - Севиља 3:0
Роналдо 19, Бензема 49, 53
Сарагоса - Атлетик Билбао 2:0
Ориол Гарсија 28, Апоно 51
Малага – Валенсија 1:0
Игнасио Камачо 27
Бетис - Атлетико Мадрид 2:2
Позуело 86, Џонатан Переира 88 – Коке 64, Фалкао 90+4
Рајо Ваљекано – Барселона 0:7
Меси 16, 90, Роберто Кореа 26аг, Кеита 39, Педро 47, 87, Алкантара 77
сабота:
Виљареал - Осасуна 1:1
Бруно Сориано 44 - Раул Гарсија 72
Еспањол - Спортинг Хихон 0:3
Колунга 48, Трехо 70, Билиќ 80
Хетафе - Маjорка 1:3
Алексис 90 - Касадесус 30, Алфаро 68, Хемед 78
Леванте - Гранада 3:1
Коне 46, Торес 74, Валдо 84 - Игало 67
Реал Сосиедад - Расинг Сантандер 3:0
Гризман 47, 70, Агирече 83