Ботафого го совлада Васко де Гама со 3:1 на финалниот натпревар од Кариока шампионатот, а при постигнувањето на еден од головите имаше асистенција од девојче кое собира топки.
Експресното додавање на Фернанда Маиа откако топката заврши во аут, беше клучно при постигнувањето на третиот гол за Ботафого.
Набргу потоа Фернанда стана главна ѕвезда во сите медиуми во Бразил и нова миленичка на навивачите на Ботафого.