
Потпретседателот на фудбалскиот клуб Рудар од Пљевља, 47-годишниот Радмило Митровиќ е убиен во неделата во Подгорица, а полицијата ја уапси 19-годишната ракометарка Марија Милиќ.
Талентираната Милиќ, членка на ракометниот клуб Бисери, подоцна признала дека го убила Митровиќ со кујнски нож.
Митровиќ работел и како фудбалски менаџер и соработувал со братот на Роналдињо. Според првичните информации, Митровиќ и Милиќ живееле заедно, а во неделата наутро дошло до расправија по што тој ја удрил младата ракометарка, а таа му возвратил со убод со кујнски нож.