Прерано славје

Американскиот олимпиец Лопез Ломонг се изгуби во броењето на круговите и прерано почна да ја слави победата.

Лопез Ломонг е американски шампион на 1.500 метри, но за Олимписките игри во Лондон се подготвува да трча на 5.000 метри, па малку се збуни при броењето на круговите.

Ломонг успори и почна да слави на еден круг пред крајот, но откако публиката го предупреди тој продолжи и сепак истрча време со кое си обезбеди виза за Олимписките игри.

 

2 мај 2012 - 13:50