Во битката за пласман во Лигата на шампиони, фудбалерите на Удинезе имаа водство од 1:0, а Лацио со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување.
Во 94-та минута фудбалерите на Лацио го слушнаа свирежот со кој се означува крај на натпреварот, но тоа беше само свирче од трибините. Главниот судија Бергонци одмавна со рака и даде знак дека натпреварот не е завршен, а домашните фудбалери го искористија невниманието на гостите и постигнаа уште еден гол.
Целиот стручен штаб и фудбалерите на Лацио се обидоа да се пресметаат со Бергонци и до домашната клупа. Имаше туркање, влечење и гаѓање со топка, а по мешаницата Диас заработи црвен картон, но најверојатно тоа нема да биде единствената казна за Лацио.