Екипата на Сантос е блиску до освојување на третата титула по ред, нешто што не му успеало на овој клуб уште од времето на Пеле. Но сега во своите редови го имаат Нејмар.
20-годишниот талент не само што ја надмина границата од 100 гола, туку со хет-трик дојде до бројката од 102 гола во дресот на Сантос.
Тој беше стрелец на трите гола при победата од 3:1 на полуфиналниот дуел против Сао Паоло и во финалето на лигата Паулиста ќе се сретнат со Гуарани.
Прв пат се запиша во листата на стрелци од белата точка уште во третата минута, вториот пат беше несоприлив за противничките дефанзивци во 31-та минута, а третиот гол го постигна во 77-та минута со силен шут од далечина.