Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Турново - најмалиот лидер во европскиот фудбал

Со ремито на Вардар и Металург по 10 одиграни кола на првата позиција во македонската прва фудбалска лига изби екипата на Хоризонт Здравје од Турново, најмалото населено место со фудбалски лидер во Европа.

Армстронг и официјално без титулите од Тур де Франс

Меѓународната велосипедска федерација денес ја прифати одлуката на американската анти-допинг агенција и му ги избриша седумте титули на Ленс Армстронг.

Дриблинзите на Пеле

Зарем е потребна поголема најава? Доволно е само да го прочитате насловот и да одвоите 15 минути за да ги изгледате мајсторските потези на легендата.

Најлудиот навивач

Сме се изнагледале навивачи кои влетуваат на терен, но тоа вообичаено го прават кога играта е во прекин. Овој лудак ладнокрвно си влета во терен помеѓу залетаните рагбисти на Мајами и Флорида Стејт.

Цепелинот на Вугринец

Погледнете го најубавиот момент од победата на ракометарите на Металург над Ст.Петерсбург, односно двојниот цепелин на Златко Мојсовски и Ренато Вугринец.

Само Борусија (Д) и Баерн полнат стадиони

Анализата на германската компанија Stadionwelt покажува дека од сите европски клубови кои играат на стадиони со капацитет од над 50.000 гледачи, само Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ги продаваат сите влезници за секој натпревар оваа сезона.

Навивачки нереди низ Европа

По паузата за репрезентативните натпревари, викендов во Европа повторно се активираа фудбалерите на клупско ниво, но активни беа и навивачите кои направија повеќе нереди на фудбалските терени, а немили сцени имаше и на кошаркарски натпревар во Подгорица.

Најгледаниот четвртолигаш во светот

Прославениот шкотски клуб кој оваа година заради банкрот беше исфрлен во најнизок ранг, постави нов рекорд со 49.463 гледачи на натпревар од 4-та лига.

Акробатот Инлер

Фудбалерот на Наполи, Гокан Инлер за време на натпреварот кој неговиот тим го загуби од Јувентус со 2:0, во намера да изнуди прекршок изведе неверојатен актобатски потег.

Луд натпревар во Ла Коруња

Барселона прими четири голови но сепак победи. Депортиво Ла Коруња и Барселона одиграа луд натпревар до девет голови, а на крајот Каталонците славеа со 4:5. На првите четири натпревари од осмото коло на шпанската Примера беа постигнати 19 голови!

Јувентус осамен на врвот, Лацио подобар од Милан

Екипата на Јувентус не само што ја продолжи серијата од фантастични 47 натпревари без пораз, туку сега е и единствена непоразена екипа во Серија А оваа сезона. На второто денешно дерби, Лацио ja зголеми агонијата на Милан и уште повеќе ја разниша позицијата на Алегри.

Трет пораз во серија за МЗТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје го забележаа и третиот пораз во низа во регионалната АБА лига. Овој пат тие загубија на гостувањето кај поранешниот трикратен европски првак Сплит со 73:65.

Коло на пресврти во Премиер лигата

Челси, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити беа во негатива, но на крајот извојуваа победи. Во 8-то коло од англиската Премиер лига победи забележаа и Ливерпул, Фулам, Свонси и Вест Хем, а Арсенал загуби на гостувањето кај Норич.

Голови на неделата

Уживајте во изборот на TVGOLO за најдобрите 10 голови од целиот свет за изминатите 7 дена, меѓу кои се ремек-делата на Нејмар, Бејл и Велбек.

Киркленд нокаутиран од навивач на Лидс

Поранешниот репрезентативец на Англија и член на Ливерпул, ВБА и Виган кој во моментов брани за Шефилд Венздеј, голманот Крис Киркленд беше нокаутиран од гостински навивач на Лидс.

Мекејлеб најефикасен во победата на Фенербахче

Од четворицата македонски претставници, само Лестер Бо Мекејлеб со Фенербахче забележа победа, а Перо Антиќ, Владо Илиевски и Предраг Самарџиски претрпеа порази во второто коло од кошаркарската Евролига.

Објавени номинациите за најдобрите во светот на фудбалот

Оваа година World Soccer магазинот по 30-ти јубилеен пат ќе ги додели најстарите фудбалски награди за најдобриот играч, тренер и тим за 2012-та година, а денес тие ги објавија номинираните во сите категории.

Суарез повторно во акција

Фолирантот повторно го направи тоа што го знае најдобро. Освен за давање голови, тој е и мајстор за глумење фаули. Капитенот на Уругвај си изнуди позиција за слободен удар и постигна гол, но неговата репрезентација загуби на гостувањето кај Боливија со 4:1.

Роналдо е најдобар во универзумот

Реал Мадрид и Жозе Мурињо продолжуваат со притисокот пред доделувањето на наградата за најдобар фудбалер во светот. Според португалскиот стратег, ако Меси повторно ја добие Златната Топка, тоа ќе биде криминал.

Србија го возврати ударот

Откако Англичаните ги обвинија српските навивачи за расизам, Фудбалскиот сојуз на Србија на својот Јутјуб канал објави видео со наслов „Кого лаже Дени Роуз?" со што тие негираат дека младиот фудбалер бил жртва на расистички испади.

НБА ја крати забавата

Челниците на НБА лигата сметаат дека кошаркарите премногу се забавуваат пред почетокот на натпреварите па планираат да ги ограничат нивните ритуали на 90 секунди.

Пола плата за натпревар на Арсенал

Според истражувањето на БиБиСи во кое се анализирани цените на 166 стадиони низ цела Велика Британија, за да посетите фудбалски натпревар на Арсенал ќе треба да издвоите пола македонска просечна плата.

Блок, забивање и украдена топка

И сето тоа за 10 секунди. Џереми Еванс од Јута на претсезонскиот натпревар против Клиперс најпрвин го блокираше Рони Туриаф, потоа заби преку него и истрча назад за да украде топка.