Да се бранат боите на својата земја на Светско првенство и притоа да се постигне најважниот гол во историјата, веројатно е врв на кариерата на секој професионален спортист.
Токму тоа и му има успеано на Илхан Мансиз кој со златниот гол во 94-та минута ја одведе Турција во полуфинале на Светското првенство во 2002-та година. Но тоа не е врвот на неговата спортска кариера. Мансиз сега има нов предизвик во својот живот. Тој сака да настапи на Олимписките игри кои во 2014-та година ќе се одржат во Сочи.
Во својата богата кариера, помеѓу другите клубови, Мансиз има настапувано и за Бешикташ, јапонски Висел Кобе и германскиот Херта Берлин, но во 2007-та година беше приморан да се пензионира откако го удри кола на пешачки премин во Минхен и настрада неговото колено.
Една година по неговото опоравување, тој доби понуда да настапи на ТВ шоуто „Лизгање со ѕвездите". Илхан тогаш за прв пат во својот живот застанал на лизгалки, но веднаш ги совладал вештините и победил на шоуто заедно со својата партнерка Олга Бестандигова.
Словачката лизгачка која има настапено на ЗОИ во 2002-та година, за време на подготовките за шоуто, освен партнерка на мразот, му стана и девојка, па Мансиз подоцна решил да и ја исполни желбата и да се обидат да настапат на Олимпијада.
Сега тие живеат во САД каде напорно се подготвуваат за квалификациите за ЗОИ во Сочи. Поранешната фудбалска ѕвезда на Турција освен на мразот сега напорно тренира и јога и балет и е блиску до исполнување на сонот да стане првиот спортист кој настапил на Светско фудбалско првенство и на зимска Олимпијада.
Трансформацијата на Илхан Мансиз:
Златниот гол во четврт-финалето против Сенегал:
Потегот против Роберто Карлос во полу-финалето:
Почетокот на лизгачката кариера во 2007-та година: