Оваа необична приказна која можеби за прв се случува во фудбалот ни доаѓа од Еквадор, каде младиот претседател Џејми Естрада одлучи чевлите и костумот да ги замени со копачки и дрес од клубот Манта на кој беше претседател на само 28 години. Желбата за овој негов потег му била сон уште од најмали години.
„Како и многумината Еквадорци кои уште од деца сакаат да станат фудбалери, така и јас. Работев многу пред почетокот на сезоната и сакам да бидам лидер на тимот", изјави новиот фудбалер на Манта, Џејми Естрада.
Пред 10 години Естрада тренирал млади таленти од Јужна Америка, но потоа паузирал за да дипломира на факултетот по бизнис и менаџмент. Тој мораше да поднесе оставка на претседателската функција, затоа што Еквадорската фудбалска федерација не му дозволувала истовремено да врши две функции во клубот.
Инаку еквадорското првенство стартуваше на 26 јануари, а по пет изминати кола Манта се наоѓа на петтата позиција на табелата со 8 освоени бода.