ФИФА суспендираше уште 74 местачи

Светската куќа на фудбалот им додели уште 74 суспензии на играчи и функционери од Италија и Јужна Кореја кои биле инволвирани во наместени фудбалски натпревари.

Дисциплинската комисија на ФИФА изрече 70 суспензии во Италија и уште 4 во Јужна Кореја. Италијанската фудбалска федерација и Фудбалската асицијација на Кореја претходно им забрани на овие лица да се бават со фудбал во овие држави, а сега ФИФА им ја изрече оваа казна и на глобално ниво.

Од овие 70 лица во Италија, 11 нема да смеат доживотно да бидат инволвирани со било каква функција во фудбалот. Доживотна суспензија заработиле сите 4 Корејци.

Оваа акција на ФИФА е продолжување на борбата против местењето на фудбалски натпревари. Само минатата недела ФИФА санкционираше 58 лица од Кина.

28 февруари 2013 - 10:57