Offside

Вечерва и утре вечер се играат првите натпревари од баражот за влез во Лига на шампиони, последно квалификациско скалило пред сонуваната елита. Реваншите се на 25-ти и 26-ти август.

Судиите од Калчополи ќе платат казна од 4 милиони евра

Италијанскиот суд им нареди на 14 луѓе вклучени во скандалот со наместени натпревари од 2006-та година да и платат на Фудбалската федерација на Италија казна од четири милиони евра.

Најзгодни тенисерки за кои не сте слушнале

Ана Ивановиќ, Марија Шарапова, Ана Курникова, Марија Кириленко... долга е листата на згодни тенисерки за кои сите сте слушнале и сигурно сте се изнагледале нивни слики и клипчиња. Но во светот на тенисот постојат и помалку познати убавици.

Полиграф открива местачи во Сингапур

Газдата на Локомотив Пловдив им се закани на фудбалерите и стручниот штаб дека ќе ги прати на детектор за лага, но во Сингапур тоа веќе е задолжителна постапка која ја спроведува фудбалската федерација.

Генијална тактика

Да се соберат заедно Мурињо, Гвардиола, Фергусон и Венгер, сигурно нема да можат да измислат ваква тактика. Секоја чест за тренерот на овој младински тим од Латвија. Штета што судијата им ја прекина оваа прекрасна акција досудувајќи фаул во напад.

Капитенското проклетство на Капело

Ако Чеде Јаневски сака да си направи проблем со капитените во македонската репрезентација, треба да се обрати за совет кај Капело. Италијанскиот стратег отсекогаш имал проблеми со капитените на националните тимови кои ги предводи. Прво беше Тери, потоа Аршавин, а сега Денисов.

Сеир за Србите

Победата на Македонија над Србија беше причина за огромно незадоволство кај навивачите, но и причина за голем сеир на сметка на нивните фудбалери и селекторот Михајловиќ.

Бесплатна карта, храна, пиење...

Челниците на женскиот ракометен клуб Подравка решија да привлекуваат публика со частење на навивачите.

Сите сакаат слика со Меси

Не е ништо невообичаено некој да има голема желба да се слика со познат фудбалер. Но невообичаено е ако си судија на квалификациски натпревар за Светско првенство и на полувремето да го замолиш Лионел Меси за една фотка.

Рекордерот Икер Касиљас

Икер Касиљас продолжува да руши рекорди. Неговата мрежа не се тресеше девет натпревари, но Оливие Жиру со погодок во 94-та минута ја прекина рекордната серија на Касиљас на 820 минути без примен гол. Ова се бројките зад името на Икер Касиљас.

Девојче без манири

Ни Пепе нема зададено удар како овој на девојчево за време на средношколски натпревар во САД.

Тепачка на младите Срби и Англичани

Репрезентацијата на Англија за фудбалери до 21 година победи на гостувањето во Србија со 0:1, но натпреварот имаше неславен крај.

Не играа најдобрите, победија најмотивираните

Без Горан Пандев и без уморните, повредени, казнети и недисциплинирани фудбалери, но со борбени и мотивирани играчи со желба за победа, македонската фудбалска репрезентација го оствари првиот триумф во квалификациите за СП 2014.

Роналдо е главен на Фејсбук и Твитер

Португалецот кој вечерва ќе го прослави својот јубилеен 100-ти натпревар за националниот тим, стана првиот спортист кој собра над 50 милиони фанови на Фејсбук, а во исто време е и најпопуларен спортски „бренд" на Твитер.

Напредни фудбалерчиња

Бразилците секогаш нè изненадуваат со нивните видеа од натпреварите во пониските лиги, но овој пат претераа. Натпреварот помеѓу екипите до 13 години на Бахиа и Виториа беше прекинат заради масовна тепачка.

Тренер отпуштен по трет пат за три месеци

Цанко Цветанов доби отказ од Етар Велико Тарново и во оваа вест нема ништо чудно. Но проблемот е што бугарскиот прволигаш го отпушта истиот тренер по трет пат во рок од три месеци.

Најлошиот фудбалски тим во Британија

Фудбалскиот тим Мадрон од југот на Велика Британија стана познат во 2010-та година година кога загуби со 55:0, а сега телевизијата Channel 4 дури му посвети и краток документарен филм на овој клуб од 14-та англиска лига.

Мароканскиот Меси почна да растура за Милан

Можеби не им оди во моментов, но Милан има младинци на кои може да се гордее. Еден од нив е и 14-годишниот Хаким Мастур.

Против Србија на сè или ништо

Вечерва Македонија го фаќа последниот воз за Бразил. Македонската фудбалската репрезентација нема право на грешка на дуелот против Србија во четвртото коло од квалификациите за Светското првенство во 2014-та година.

Се стопира постапката против француските местачи?

Карабатиќ и останатите ракометари-местачи би можеле да се извлечат затоа што нивните адвокати најдоа повеќе процедурални пропусти. Дополнителна поволност за нив е тоа што кладењето на интернет бил помал грев.

Федерер и Ѓоковиќ рушат рекорди

Роџер Федерер загуби во полуфиналето во Шангај, но остана на врвот на АТП листата каде што е веќе 300 недели, а Новак Ѓоковиќ со триумфот на овој турнир стана првиот тенисер со седум различни титули од Мастерс серијата.

Тајната на босоногиот Меси

Кога во 2004-та година Лионел Меси се пробиваше во Барселона, главната улога во тимот на Рајкард ја имаа Роналдињо и Деко, па младиот Аргентинец решил да учи од нив и да ги преминува нивните тактики за тренинг.

Среќа во несреќа

Финскиот возач Јухо Ханинен можеби малку се истумба за време на релито во Сан Ремо, но важно си најде совршено паркинг место.

Забивање преку 6 луѓе

Кошаркарот на колеџот Мисури, Кион Бел го држи рекордот со забивање над 7 луѓе, но овој пат беше поскромен и прескокна „само" 6.