Ваквата информација која денеска пристигна од Швајцарија ја изненади спортската јавност. Италијанскиот фудбалер Џенаро Гатузо кој летоска си замина од Милан и од оваа сезона е дел од тимот на Сион, нема никакво тренерско искуство, но и покрај тоа, тој ќе извршува две улоги, играч и тренер.
„По катастрофалниот пораз на Сион од екипата на Тун, но и поради бледото издание на тимот во изминатиот период, раководството на клубот одлучи од денеска тренерската одговорност да му ја додели на фудбалерот Џенаро Гатузо", се вели во соопшетинето на Сион.
Инаку што се однесува до актуелниот тренер Виктор Муноз, тој не е отпуштен, туку ќе биде прекомандуван на позицијата скаут. Шпанскиот стратег кој седна на клупата во јануарскиот преоден рок, загуби три од последните четири натпревари во швајцарското првенство.
По 21 изминато коло Сион се наоѓа на четвртата позиција со 35 бода, 9 помалку од лидерот Грасхоперс.