Џон Карју е без клуб од јули 2012-та година, последен одигран натпревар за Вест Хем му беше во април. По скоро цела година неиграње, тој сега треба да биде најновото засилување на Интер.
Неговото пристигнување во Милано ја изненади цела Италија, а изненаден беше и самиот играч кој во изминатава година не се бавел со фудбал, туку си нашол друга занимација. Карју стана глумец.
„Подготвен сум и се чувствувам добро затоа што 2 недели тренирав со тимот. До неодамна патував и снимав филм, но сега сум спремен да го дадам максимумот за Интер.
„Не го очекував овој повик од Интер, но животот е полн со изненадувања", изјави Карју.
Во својата богата кариера 33-годишниот напаѓач настапуваше една сезона за Рома, а во Интер треба да биде замена за повредениот Диего Милито.