Ситуацијата со фудбалот и навивачите во Сингапур и Македонија е многу слична. И Сингапурците се луди по фудбал, но не по домашниот. Луѓето обожаваат да гледаат англиско, шпанско, италијанско, германско... првенство на ТВ, а никој не оди на стадион. Слични се и бројките на гледачите. Просечно во Сингапур на натпревар одат по 932 гледачи.
Но за разлика од Македонија, на луѓето од Сингапур им е смачено да гледаат празни стадиони и решиле да превземат некакви конкретни мерки.
Челниците на фудбалскиот клуб Балестиер Калса ги натерале фудбалерите да шетаат по градот и да ѕвонат по домовите за да се запознаат со локалните жители.
„Колку почесто тропаат на врата, поголеми се шансите дека ќе се зближат со граѓаните, па можеби тие ќе добијат желба и ќе дојдат на некој натпревар", изјавил претседателот на клубот.

„Во градот живеат 100.000 луѓе. Доволно е само 3% од нив да дојдат на натпревар и ќе играме пред полн стадион", дополни првиот човек на Балестиер Калса, клуб кој игра на стадион со капацитет од 3.900 гледачи.
Ова е одлична идеја која треба да ја применат нашите фудбалски клубови. Баш би било интересно да се види Осеи Кофи како шета низ Боговиње и ги кани локалците да дојдат на натпревар на Дрита.