За историјата на Осеи Кофи пишувавме минатата недела и за жал тој не успеа да не демантира. Ганецот кој неколку години бил без ангажман, се повреди уште на вториот тренинг со ФК Вардар без никаков контакт со друг играч.
Ние не ни очекувавме дека фудбалерот за кој последната информација на интернет е дека пред 10 месеци не успеал на проба во германски 5-то лигаш, ќе успее во ФК Вардар, но тренерот Никола Илиевски имаше големи очекувања од него.
Од тоа што го видел на видео материјалите (од кои никако не може да се види дали црнецот што трча е Кофи или некој друг) и од 1 тренинг, тренерот Илиевски заклучи:
„Брз, експлозивен, со одлична техника, креатор, асистент и добар реализатор. Го имам следено, се работи за искусен фудбалер кој ја минал младинската школа на Хамбургер, а потоа бил и во Андерлехт, од каде бил отстапен да игра во Втората лига на Белгија. Верувам дека ќе биде големо засилување за тимот, токму онаму каде што ни недостига, еден спој меѓу средниот ред и нападот."
Од тука, имаме 2 прашања до луѓето во ФК Вардар:
- Зошто не потпишавте со фудбалерот доколку навистина тој бил брз, експлозивен, имал одлична техника, креатор... Нели ќе вредеше да се потпише со него и да се почекаат 15 дена да се рехабилитира од повредата ако навистина тој беше вистинско засилување за Вардар како што вие го претставивте?
- Зошто Осеи Кофи е целосно избришан од вашата вебстрана? Неговиот дел е избришан од текстот за потпишувањето на Кофи и Лазаревски, а целосно е избришан текстот и фотографиите од промоцијата на Кофи и голманот Дејан Милиќ.
Ова беа текстовите за Осеи Кофи на fkvardar.mk:
а вака изгледаше насловната страна пред неколку денови со избришаните вести и денес без вестите: