Аферата која излезе во „Франс Фудбал" јавно ја коментира генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке кои изјави дека оние кои тврдат дека во овој случај се работи за некаква корупција веднаш нека ги обелоденат доказите.
„Во целиот тој процес на гласање за светските првенства во 2018 и 2022 година, ФИФА обезбеди систем за проверки, за да се обезбедат кандидатурите на земјите на најтранспарентен начин. До сега не сме примиле никаков доказ за можна корупција, а доколку некој обезбеди докази нека ги испрати, а комисија веднаш ќе ги разгледа", изјави Валке.
Тој ги негираше и наводите дека изборот за СП 2022 бил направен од геополитички причини и со лобирање од страна на моќни политичари кои немаат врска со фудбалот.
„Кога се одвиваше гласањето во декември 2010 година во Швајцарија, во Цирих беше мини средбата на Г20 земјите. Таму беа Бил Клинтон, потоа британскиот, белгискиот, холандскиот и шпанскиот премиер. Зарем мислите дека би превземале таков ризик. Зарем доколку имавме информации за потпукување на претседателот на ФИФА или на било кој висок функционер би седеле со скртени раце?, праша Генералниот секретар на ФИФА.
Инаку аферата се појави во јануарскиот број на магазинот „Франс Фудбал" кој тврди дека за сума од 1,5 милиони долари по човек биле откупени гласовите на Иса Ајату и Жака Ахума од претседателството на Афричката фудбалска конфедерација (АФК).