Светската куќа на фудбалот ја издаде и четвртата лиценца за технологија на гол линијата. Последната лиценца и е издадена на германската компанија GoalControl.
Нивниот систем ГолКонтрол-4Д користи 14 камери кои се поставени околу теренот и се насочени кон голот. Позицијата на топката се одредува во три димензии со X, Y и Z координати и кога ќе ја помине гол линијата, системот испраќа сигнал до часовникот на судијат во рок од 1 секунда.
Оваа технологија ќе учествува на тендерот за изборот на системот кој ќе се употребува најпрвин на Купот на Конфедерациите, а потоа и на Светското првенство во Бразил следната година.
Претходно ФИФА ги одобри три технолошки системи. Технологијата „око соколово" слична на ГолКонтрол-4Д веќе се користи во тенисот и крикетот и таа е базирана на снимки од повеќе камери, а „гол-реф" и „Каирос" користат магнетно поле и специјална топка за разрешување на спорните ситуации за тоа дали топката ја поминала гол линијата или не.