Таг: гол линија

Оптичката илузија на топката кога е на гол линија

Холандска телевизија во која гостува Рафаел ван дер Варт мести топка во студио до линија за да покаже колку знаат да лажат некои агли. Вие ја мислите дека е надвор, а нема везе. Инаку правилото е јасно. За да биде гол, мора цела да влезе.

Ја спаси на гол линија, ама лудачки

Тој што стој на втора на корна не е џабе ставен и обично стои како споменик и гледа да ја расчисти со глава, нормално ако е висока. Но има вакви нинџи како овој во Израел кој го спаси својот тим од пораз и тоа во судиско.

Најлудото расчистување од гол линија

Норвешката прва лига ни го носи најчудесното и најсреќното расчистување од гол линија. Како успеа ова да го изведе фудбалеров веројатно ни сам не знае. Ова во некое финале да се случи, неколку инфаркти може да има во публика.

Најдраматичните моменти на гол линија

Карамбол или хичкок ситуации пред головите во МЛС лигта во кои тие што се обидуваат да дадат гол излегуваат лузери.

Што значи технологијата за гол линија?

И покрај тоа што многумина кренаа глас против модернизацијата на фудбалот, сепак технологијата за проверка дали топката ја минала гол-линијата сезонава заврши голема работа. Еве ги сите случаи.

Кога Фаулер шмркаше линија гол-аут

Градското дерби меѓу Ливерпул и Евертон одиграно во 1999. година ќе остане запаметено по неверојатната прослава на голот на Фаулер. Легендарниот шпиц тие денови беше обвинуван од навивачите на Евертон дека шмркал кокаин, го провоцираа за време на мечот, а кралот на КОП-от им возврати така што го прослави голот со симулација на шмркање кај гол-аут линијата. ФА го казни 4 меча.

ФИФА одобри четврта технологија за гол линијата

По „око соколово" и двете технологии со магнетни полиња, ФИФА денес одобри уште еден нов систем за разрешување на спорни ситуации во фудбалот. Новата технологија се вика GoalControl-4D и користи 14 камери.

ФИФА одобри нова технологија за гол линијата

Германската компанија „Каирос" ја доби концесијата од Светската куќа на фудбалот за користење на новата гол технологија, која за прв ќе биде испробана на Светското фудбалско првенство во Бразил 2014 година.