Овој 53 годишен навивач кој недолично се однесуваше на натпреварт од втората англиска лига помеѓу екипите на Милвол и Лидс одигран на 18 ноември оваа сезона, цел живот ќе се кае за неговите постапки.
Судот денеска одлучи да го казни парично со 400 фунти, а дополнително ќе треба да ги плати и судските трошоци од 125 фунти. Но за изнесените навреди кон фудбалерот на Лидс, Ел Хаџи Диуф тој доби и 5 годишна забрана за одење на стадион. На ова се надоврза и раководството на клубот кој одлучи да му ги затвори вратите до крајот на животот.
Од скандалот кој се случи минатиот ноември беше згрозен и капитенот на Милвол, Дани Шути кој застана во одбрана на колегата од противничкиот тим.
„Расизмот од секогаш не сум го поднесувал. Разговараме често со раководството околу оваа проблематика и околу мерките кои треба да се превземат за да се искорени ова зло", стоеше во тогашната изјава на Шути.
Како доказ за навредите кон Диуф се појавија снимки на телевизијата Скај Спорт кои јасно покажаа за кој навивач се работи, а во случајот се вмеша и Фудбалската Асоцијација која ги прегледа снимките.
Извршниот дикретор на Милвол, Едни Амблер ја повика и полицијата за да го идентификува навивачот, а потоа доказот да се искористи за воведување на најстрога казна.