Тикет на колото

Традиционално и овој викенд ќе се обидеме да ви помогнеме да стигнете до добитна комбинација со типување на натпреварите од националните европски првенства. Ова се нашите пет предлози.

Челси – ВБА ГГ
Тимот од Лондон на сите натпреварите од Премиер лигата во 2013 година прими минимум по еден гол, додека Вест Бромвич Албион погоди на сите гостувања во новата година.

Милан – Лацио Т1
По лошите резултати во првиот дел од сезоната, составот на Алегри конечно фати ритам и води голема битка за третото место. Со победа против Лацио ќе му избега на тимот од Рим со предност од еден бод.

Волсбург – Шалке ГГ3+
Натпреварите во Бундес лигата често пати носат резултати со многу голови. Последните 5 гостувања на Шалке против тимот на Волсбург завршуваат ГГ3+.

Реал Мадрид – Барселона ГГ3+
Шпанското дерби „Ел Класико" ретко поминува со неефикасен резултат. Пред само неколку дена конечниот резултат на полуфиналето на шпанскиот Куп завшри 1:3.

Тотенхем – Арсенал ГГ
Лондонското дерби секогаш изобилува со многу голови, така што и овој пат очекуваме барем по еден погодок во двете мрежи.

1 март 2013 - 23:14