Кошаркарите на Бешикташ беа рамноправен противник само во првата четвртина, а потоа на контролата на играта прејде во рацете на Олимпијакос.
Од втората четвртина па се до крајот на натпреварот, екипата на Олимпијакос го имаше водството и на крајот славеше со 60:79 со што му го нанесе и 9-от пораз на Бешикташ по исто толку одиграни натпревари во Топ 16 фазата.
Антиќ одигра 14 минути за кои имаше учинок од 2 поени и 4 скокови, а најефикасен беше Пауел со 16 поени.
Лестер Бо Мекејлеб нема по добро да го памети враќањето во Сиена на теренот на Монтепаски чии бои ги бранеше до минатата сезона откако Фенербахче го прокнижи и 7-от пораз.
Гостите даваа отпор само до стартот на втората четвртина и на крајот загубија со 84:69.
Македонскиот репрезентативец за 32 минути игра постигна 10 поени, а забележа и 5 скокови и 1 асистенција.