Ди Матео исчезна од историјата на Челси

Лондонскиот тим кој минатата година ја освои првата титула во Лигата на шампионите, поради банални причини го смени постерот пред стадионот „Стемфорд Бриџ" каде се наоѓаше италијанскиот стратег Роберто Ди Матео.

Огромната слика на победничкиот состав на Челзи кој во финалето го совлада Баерн Минхен, се наоѓаше на западната трибина на стадионот се до 17 февруари кога тимот од Лондон играше меч против Бренфорд во рамките на ФА Купот. Како причина за менувањето на постерот е тоа што Роберто Ди Матео не е повеќе тренер на Челси.

Доста чудна и банална е одлуката на клубот кој единствената титула во Лигата на шампионите ја освоија под водство на младиот италијански тренер. Сликата која е потсетување на историскиот момент, ја заменија со друг постер каде што го нема Ди Матео.

Италијанецот за време на 8 месечниот престој во Челси го освои и ФА Купот, а беше отпуштен на 21 ноември минатата година, по поразот од Јувентус од 3:0 во Лигата на шампионите. За негов заменик беше назначен Рафа Бенитез кој не е по мерак на наивачите.

Доколку политиката на клубот е на некој начин да ги брише од историјата оние кои си заминале, тогаш тоа треба да го стори и со Босингва која летоска потпиша за КПР, а се наоѓа на новиот постер. Ист е случајот и со Малуда која е казнет и тренира со младинскиот тим на Челси, а изјави дека веќе никогаш нема да настапи за лондонскиот тим.

27 февруари 2013 - 14:19