Пишува: Таки Бошкоски
ОК... Значи од кога го пратам Вардар, а го пратам многу одамна не се сеќавам да не сме победиле на ниту еден подготвителен натпревар. У превод на седум... Чак и онаа генерација на голобради момци кои дресот на Вардар го носеа чисто од љубов имаа серија од шест такви утакмици. Меѓутоа тие завршија последни на табела... а сеа сме као есенски шампиони. И пак ќе беше ОК ако не бевме единствена екипа на светот што менува тренер кој е прв на табелата. Барем да донесовме тренер... Једино што Вардар успеа да добие у зимскиот преоден рок е инструктор по зумба и пилатес... Мада Џиџи нема ни такви квалификации. Да расчистиме една работа. Сметам дека Милевски можеби и не беше најдоброто решение за Вардар, од аспект на искуство и авторитет ама за Џиџи е Тито Виланова. Се разбираме зашо ја праам оваа компарација нели?!
Да резимираме за да не биде дека јадам бурек без аргументи. Откога е назначен за шеф на стручниот стожер, Џиџи успеа на мала врата да ни протне нижеразредни засилувања од кипарски втори лиги. Ни го донесе Милиќ, кој нема играно фудбал две години за да на негова сметка местото го изгуби Захов, можеби најдобриот голман кој Македонија го имала после извесно време. Го донесе Бонифачио кој сиромашкиот не знае да се состави со топка (избркан од второлигашки клуб на Кипар), а врв на све беше обидот да ни го протне модниот дизајнер од Гана кој во слободно време игра фудбал. И за сите тврдеше дека се квалитетни фудбалери... Па немој да не јебеш Џиџи!!! У овој свет каде секоја информација е на допир на копче нема место за таков хохштаплерај.
Понатака, ги измести сите играчи на различни позиции измислувајќи топла вода во процесот, па така да дуото Хименез - Ѓорѓиев кое беше наша ударна игла во есенскиот дел сега игра на обратни позиции од своите природни... Со еден збор не се знае кој кај тера на терен.
Најави мртов ладен дека ќе ја освојува Европа и Вардар ќе го гледаме во групите од Европа Лигата, а добро информиран извор објави дека после поразот од ОФК Белград им рекол на играчите дека поразот е небитен пошто ОФК се ионака појаки од нас. Со тоа го наруши угледот на Вардар и ја потцени способноста на својата екипа. Па ако деветто пласирана екипа во српското првенство е подобра од нас, како тоа мислиш да играш групи од Европа Лигата Џиџи?!?!? Истиот тој извор тврди како нашиот мудар тренер ги информирал играчите дека ако сакал, можел да биде тренер на вториот тим на Манчестер Јунајтед... А да ни напраиш услуга на сите нас и да ја прифатиш нивната понуда за да не спасиш од твојот зумба пристап???
И на крај, без трунка срам, на прес конференцијата после утакмица со ОФК Белград, се дрзна да ги критикува навивачите кои од него и од екипата побараа резултати... "Играјте педери", Џиџи се скандира само тогаш кога оние кои резултатите на тој клуб навистина го болат, ќе осетат дека некој покушава да се подјебава на нивни рачун. За сите вас тој дрес е можност да лапнете некое евро... за нас е светост. Гледај си ја својата работа, а трибините остави им ги на оние што навистина го сакаат клубот.
За една работа се слагам. Сите овие натпревари се безначајни, ама утакмицата во Битола се ближи. Кога си тренер на Вардар, прагот на толеранција е многу понизок. Целава работа мора да се сопре пред да биде премногу касно. Неуспех или не дај Боже пораз против Пелистер значи дека можеш слободно да ја прифатиш работата во Манчестер... За доброто на Вардар.