Стадионот кој го носи името „Отмар Хицфилд" е сместен на 2.000 метри надморска височина над алпското село Гшпон. Овој терен не само што е највисок во Европа и трет највисок во светот, туку и единствен на кој децата што трчаат по топките треба да се во подобра физичка кондиција од самите фудбалери.
Заради големата висина, фудбалерите имаат проблеми со дишењето, но домашните играчи се навикнати. На оваа висина не може да се засади трева, па теренот има вештачка подлога која е дополнителна предност за домашниот тим и не се случува често тие да губат натпревари на својот терен.
Теренот е на толку непристапна локација што до него се стигнува само со жичара, а најголем проблем е кога некој ќе шутне високо па многу често ги губат топките. Секој натпревар го играат со 5 до 7 различни топки, а се случува и до 10 топки да им залутаат надолу по ридот.