Полицаец навреди навивачи и остана без работа

Само два до три погрешни зборови се доволни да ги напишете на социјалните мрежи за да останете без работа. Тоа се случи во Шкотска каде полицаец кој е задолжен за одржување на редот и мирот на навивачката група на Селтик, е разрешен од својата должност.

Полицаецот Томи Мекриндл кој бил задолжен за надзор на навивачката група на Селтик „Зелена бригада" на својот фејсбук профил напишал дека неговото занимавање е „Уништување на штетници и термити", а тоа предизвика жестока реакција во клубот.

Раководните луѓе на Селтик веднаш го осудија овој чин на полицаецот и го пријавија случајот во полиција. Написот на 37 годишниот Мекринд е отстранет од неговиот профил, а полицијата веднаш го отпушти од работното место.

Инаку „Зелена бригада" себе си се дефинира како антифашистичка и антирасистичка навивачка група, која постојано пропагира независност на Северна Ирска. Песните во кои ја поддржуваат Ирската републиканска армија ги правдаат дека се дел од слободата на говорот.

Навивачите на Селтик се жалат дека многу често се на мета на полицијата која ги апси каде што ќе стигне. Тоа се случува на работните места, пред роднините и пријателите се со цел да внесе страв кај нив. Во ноември минатата година во знак на протест бојкотираа два меча на нивниот омилен тим.

28 февруари 2013 - 17:33