"Кога игра против Јувентус секогаш погодува" е насловот на еден текст во најпознатиот италијански весник „Газета дело спорт" во очи на вечерашната дерби пресметка помеѓу Наполи и Јувентус, која е во центарот на вниманието во Италија.
Медиумите со тоа потсетија на одличната реализација на Горан Пандев токму против вечерашниот противник и пишуваат дека натпреварот против Јувентус е одлична прилика за прекинување на долгиот пост на Пандев.
Пред извесно време пишувавме за неславниот рекорд на нашиот напаѓач кој никогаш во кариерата не се случило да не постигне гол на 20 меча во низа, кои сега изнесуваат вкупно 23 на сите натпреварувања. Впрочем во лоша серија е и Наполи кој нема постигнато погодок на последните 4 меча (два во Серија А и два во Лигата на Европа).
Наполи е без триумф веќе 7 натпревари во двете натпреварувања, а токму од дуото Пандев-Кавани, Валтер Мацари очекува да се прекине малерот. Кавани кој е најдобар стрелец во првенството е без постигнат погодок веќе 500 минути или поточно од 27 јануари, а нашиот репрезентативец последен пат се изврадува на 7 октомври против Удинезе.
Со надеж дека бројката на голови против големиот Џиџи Буфон ќе расте, ве потсетуваме на сите досегашни погодоци на Горан Пандев против тимот кој најмногу му лежи.
Јувентус – Лацио 1:2 (05.12.2004) Серија А
Лацио – Јувентус 2:3 (15.12.2007) Серија А (прв погодок)
Лацио – Јувентус 2:3 (15.12.2007) Серија А (втор погодок)
Лацио – Јувентус 2:1 (03.03.2009) Куп на Италија, полуфинале
Наполи – Јувентус 3:3 (29.11.2011) Серија А
Јувентус – Наполи 0:2 (20.05.2012) Куп на Италија, финале (асистенција)
Наполи – Јувентус 2:4 (11.08.2012) Супер Куп на Италија