Спортско-теолошка дилема

Дали Господ е центарфор, бек или голман?

Перси Звомја, дописник на Гардијан од Јужна Африка, кога бил мал сакал да стане фудбалер. Наместо тоа, станал свештеник. Но најголемата дилема кога требало да ја донесе одлуката му била - дали има фудбал во рајот?

„Да имал намера Господ да играме фудбал во облаците, таму ќе ставел трева" изјавил некогашниот менаџер на Нотингем Форест, Брајан Клоу. Дури и да се игра фудбал во вечните ловишта, дали, и на која позиција би играл самиот Господ, се прашува Звомја, цитирајќи неколку познати писатели, но и фудбалери.

Босанско-американскиот писател Александар Хемон има можен одговор: aко Господ постои, тој е јак центарфор. Но можеби Ерик Кантона знае подобро. По смртта на Џорџ Бест (поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед), Французинот изјавил: „По првиот тренинг во рајот Џорџ, од омилената позиција на десно крило му го сврте вниманието на Бог, кој играше лев бек". Господ како лев бек? Да не се асоцира можеби на Бразилецот Роберто Карлос? Или пак на тоа дека Бест бил толку јак што ни Господ Бог не можел да го мине центарот?

Сосема е можно Тој да е голман. Оној за кој Библијата (Нов Завет, Откровение, 3:7) вели дека е оној „кој отвара, и никој не може да затвори, и кој затвора, и никој не може да отвори" изгледа како добар кандидат за позиција меѓу стативите.

Но уругвајскиот новинар и писател Едуардо Галеано, кој е растен како католик, го замислува Господ како фудбалски судија. За тоа како да има доказ и во Светото писмо: кога Исус ќе се врати ќе има звук на свирче..добро, на труба: „и ќе ги испрати Своите ангели со силен трубен гас и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата" (Послание по Матеј, 24:31).

Оваа метафора, заклучува Звомја, веројатно е најблиску до Божјата семоќност: на негов знак се одредува судбината на некој гол, казнувањето на „грешникот" со жолт картон,или неговото протерување од теренот со црвен.

превод: BookBox

27 февруари 2013 - 15:20