Германскиот фудбалски шампион Борусија Дортмунд го распродава целиот стадион неколку месеци однапред, но НФЛ тимот Грин Беј има загарантирано полн стадион во следните неколку векови.
Победникот на Супербоул натпреварот во 2010-та година е познат по своите лојални навивачи. Грин Беј од 1965-та година игра на новиот градски стадион со капацитет од 73.000 гледачи и од тогаш секој натпревар е распродаден.
И не само што секој натпревар е распродаден, туку на листата на чекање за сезонски влезници во моментов се наоѓаат 105.000 луѓе. Дури 99.9% од сопствениците на сезонски влезници ги обновуваат истите односно само околу 90 места се ослободуваат секоја година. Тоа значи дека ако денес аплицирате за сезонски билет, со ова темпо на ослободување, ќе чекате над 900 години.
Овој месец, навивачот на Грин Беј, Бред Сиви конечно ги доби своите сезонски влезници за кои аплицирал пред 37 години. Пред него во тој момент имало 7.500 навивачи на листата за чекање, а двете влезници за кои тој сега платил 5.390 долари, во 1976-та година кога аплицирал за нив чинеле 54 долари.
Сезонските влезници на Грин Беј се пренесуваат од колено на колено и многу верни навивачи ги внесуваат и во своите тестаменти, а родителите аплицираат за билети за своите новороденчиња веднаш штом ќе добијат извод од матична книга.