Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Компани бара кум за својот клуб

Капитенот на репрезентацијата на Белгија и Манчестер Сити, Венсан Компани си купи фудбалски клуб во својата родна земја и ќе го менува од корен. За почеток тој ќе го смени името на клубот и тоа со помош на навивачите.

Триумф на Баерн, во Париз нерешено во последната секунда

Во првите два борбени дуела од четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, Баерн Минхен со головите на Алаба и Милер обезбедија солидна предност пред реваншот. Барселона иако обезбеди водство во 89 минута со голот на Чави од пенал, ремито стигна во 94 минута.

Цепелин за почит

Победникот во забивање на минатогодишното издание на НБА Ол Стар викендот, Џереми Еванс е пример за тоа како се читаат мислите на своите соиграчи. Кошаркарот на Јута Џез иако во моментот на додавање на Џамал Тинсли се наоѓаше на линијата за три поени, успеа да стигне на вистинското место.

Голманот на Сан Лоренцо заврши со лисици

Аргентинската полиција го уапси голманот на Сан Лоренцо, Пабло Миљоре кој е осомничен дека е дел од бандата која го убила 56 годишниот навивач Ернесто Чирино пред 2 години.

Ебуе се опушти пред камерата

Фудбалерот на Галатасарај Емануел Ебуе не е од оние стандардни фудбалери кои мирно ќе застанат и ќе ги дадат своите видувања за натпреварот. Новинарот беше на маки да го смири фудбалерот кој беше расположен за мајтап кој обично се прави во предшколска возраст. 

Одложен натпревар затоа што немало кој да суди

Викендов еден натпревар од првата и еден од втората македонска фудбалска лига се одиграа без контролори за судиите, но имало и полоши од нас. Натпревар од Премиер лигата на Велс не се одигра затоа што никој не ги известил судиите.

25.000 причини за елиминација на Реал Мадрид

Фудбалерите на Галатасарај ќе имаат дополнителна мотивација за да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампиони. За елиминација на Реал Мадрид тие ќе добијат по 25.000 евра.

Тикет на колото

Викендов го разбивме малерот и погодивме тикет со коефициент 25, па веднаш го продолжуваме нашиот напад на касите на кладилниците. Овој пат предлагаме типови за натпревари од Лига на шампиони и Лига Европа.

Фудбалски празник во Париз и Минхен

Првите четвртфинални двојки ПСЖ-Барселона и Баерн Минхен – Јувентус го креваат адреналинот на светскиот фудбалски аудиториум кој според силината и неизвеснота на средбите ќе биде на мака кој натпревар да го избере пред малите екрани.

Српски проектили во Кореја

Северна и објави војна на Јужна Кореја, а Србите веќе испорачаа две „бомби“ во Сеул, ама фудбалски. Милош Босанчиќ од екипата на Геонгам беше стрелец на два прекрасни погодоци на гостувањето кај екипата на Сеул, но неговата екипа мораше да се задоволи само со бод.

Верен навивач пропушти натпревар по 40 години

За прв пат по 1973-та година, односно по 1.786 изгледани натпревари, Стјуарт Естил синоќа пропушти натпревар на неговиот омилен клуб Нотингем Форест и тоа не по негова волја.

Голманот го спаси Сент Паули

Филип Шаунер, голманот на германскиот второлигаш Сент Паули во 90-та минута од натпреварот против Падерборн, се пресели во спротивниот шеснаесетник и ја затресе мрежата на неговиот колега за конечни 2:2.

Барселона повторно фаворит за титулата во ЛШ

Каталонскиот тим кој по поразот од Милан на првиот осминафинален меч на „Сан Сиро" ја загуби фаворитската улога за шампионската титула, според коефициентите на светските кладилници повторно има најголеми шанси за подигнувањето на пехарот на Вембли.

Суазо со солзи го напушти фудбалот

Поранешниот голгетер на Каљари кој во 2006 година постигна 22 гола во Серија А и заедно со Кака ја поделија наградата за фудбалер на годината во Италија, се повлекува од терените поради големиот број на повреди.

Почина хокеар по удар во глава

Рускиот хокеар Дмитри Учајкин почина неколку денови по натпреварот на кој добил силен удар во главата.

Cycleball на јапонски начин

Комбинацијата на точак и топка го дава името на овој спорт кој постои над 100 години. Изумот е на Германецот Николас Едвард Кауфман во далечната 1893 година, а на видеото можете да ги погледнете мајсториите на Јапонците од финалето на Светското првенство во 2010 година.

Барса и Реал разочараа, Милан донесе пари

Започнуваме соработка со Спортлајф обложувалниците и од денес на нашиот сајт ќе објавуваме редовен преглед на најчесто играните натпревари. Овој викенд најчесто заокружуван пар на тикетите беше победата на Милан, а најмногу нерви и ливчиња искинаа Реал Мадрид и Барселона.

Милан царува во 2013 година

По првиот дел од сезоната во Серија А во кој „Росоњерите" имаа мизерен старт и долго време беа потонати во долниот дел од табелата кој носи испаѓање во втората лига, од стартот на новата година како да се појави "нов" Милан кој не знае за пораз во домашното првенството.

Ај пак влези на терен

Екипата на Бурсаспор загуби со 2:0 на гостувањето кај Касимпаша, а нивните навивачи секако не беа задоволни со резултатот. Еден од нив сакаше да го нападне голманот Харун Текин и долго време ќе се кае за ова негово влегување на терен. За неговата реакција ќе се кае и самиот голман кој на крајот го фрли дресот и стана најомразен фудбалер во неговата екипа.

Европската унија ќе ја прекине шпанската фудбалска доминација

Шпанија е актуелен европски и светски шампион и има три претставници во четвртфиналето на Лигата на шампиони, но нивната доминација во светскиот фудбал наскоро би можела да биде прекината и тоа со налог на Европската унија.

Голот на викендот

Немавме време да ги изгледаме сите голови постигнати викендов, но и без да ги видиме другите, признанието за најдобар гол му го доделуваме на Араз Озбилиз од Кубањ на натпревар од руското првенство против Спартак Москва.

МЗТ повторно го зграпчи пехарот во Купот

Актуелниот македонски кошаркарски шампион, тимот на МЗТ Скопје ја оправда фаворитската улога во четиридневната кошаркарска претстава и со победа против Куманово од 79:71 ја одбрани титулата во Македонскиот кошаркарски Куп.

На Мулумбу му дојде преку глава

Јусуф Мулубму од Вест Бромвич Албион изгледа дека е доста нервозно момче. Ваква реакција на фудбалски натпревар сигурно сте виделе само во некое маалско или селско дерби.