Хокеарот на Ертис-Павлодар, Русинот Дмитри Учајкин починал како последица на страотен удар на плеј-оф натпревар во казахстанското првенство.
Учајкин добил силен удар од страна на хокеарот на Аристан, Донатас Кумелиускас но тој не се пожалил на повреда и по натпреварот сам со својот автомобил си отишол дома.
Во текот на ноќта 33-годишниот Учајкин ја загубил свеста и итно бил префрлен во болница каде по неколку денови починал.