Барса и Реал разочараа, Милан донесе пари

Започнуваме соработка со Спортлајф обложувалниците и од денес на нашиот сајт ќе објавуваме редовен преглед на најчесто играните натпревари. Овој викенд најчесто заокружуван пар на тикетите беше победата на Милан, а најмногу нерви и ливчиња искинаа Реал Мадрид и Барселона.

ПОГОДЕНИ

Киево - Милан (резултат: 0:1) - тип: 2 (коеф. 1.80)
Фудбалерите на Милан ја продолжија одличната форма и на гостувањето кај редовните пациенти Киево. Во 2013-та година немаат пораз на 12 натпревари, а творец на 9-та победа оваа година беше Монтоливо.

Фенербахче - Акхисар (резултат: 2:0) - тип: 1 (коеф. 1.35)
Фенербахче ја потврди големата фаворитска улога и славеше рутинска победа против претпоследно пласираниот тим во турската лига.

Шалке - Хофенхајм (резултат: 3:0) - тип: 1 (коеф. 1.60)
По двата порази, екипата на Шалке славеше лесна победа над Хофенајм и остана во борбата за пласман во Лигата на шампиони следната сезона. Стрелци за головите беа Хегел, Рафаел и Пуки.

Освен Милан, Фенербахче и Шалке, најчесто на тикетите во Спортлајф беа типувани и победите на Ајакс над НЕК и триумфот на Арсенал против Рединг.

ПРОМАШЕНИ

Сарагоса - Реал Мадрид (резултат 1:1) - тип: 2 (коеф. 1.45)
Реал Мадрид пропушти да го намали заостанувањето зад Барселона. Киксот на Мадриѓаните во Сарагоса го најави Родри уште во 6-та минута, а израмни Роналдо во 38-та. Во продолжението Реал Мадрид тргна во напад, но Сарагоса одлично се бранеше и заслужено украде поен.

Атлетико Мадрид - Валенсија (резултат 1:1) - тип: 1 (коеф. 1.80)
Екипата на Атлетико Мадрид игра одлилно на домашен терен, но за прв пат оваа сезона Валенсија успеа да си замине со поен од Висенте Калдерон. Целиот натпревар беше решен уште во првите 6 минути. Поведоа гостите преку Жонас по 5 минути игра, а веќе во следниот напад израмни Фалкао.

Селта - Барселона (резултат: 2:2) - тип: 2 (коеф. 1.40)
Селта освои важен поен во борбата за опстанок и тоа против Барселона. По интересен натпревар на кој екипите се менуваа во водство, Оубиња на 2 минути пред крајот го матираше Пинто за конечни 2:2.

Покрај Реал Мадрид, Валенсија и Барселона, најмногу тикети завршија во канта заради поразот на Мајорка од Депортиво и киксот на Челси на гостувањето кај Саутемптон.


Рагледајте ја и денешната богата понуда од билтенот на Спортлајф обложувалниците.

1 април 2013 - 14:01