Првото светско фудбалско првенство со точаци се одиграло во 1929 година, а најголеми мајстори за овој спорт биле браќата Поспишил од тогашната Чекословачка кои освоиле 20 светски првенства помеѓу 1965 и 1988 година.
Вештината на овој спорт се состои најмногу од интересните движења со точаците, особено со предните тркала со кои се постигнуваат голови, а натпреварувачите смеат топката да ја удираат и со глава.
Фудбалот со точаци е најпопуларен во Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Русија и Швајцарија.