Фудбалска Шпанија израсна во светска велесила, но нивната доминација може да прекине ако Европската унија го изврши на дело нивниот план да им нареди на шпанските власти да престанат да ги помагаат клубовите кои имаат големи долгови.
Властите од Брисел планираат да и наредат на шпанската влада да ги наплати долговите на клубовите кои само се зголемуваат заради неплатените даноци.
Успехот на Според некои проценки, долговите на клубовите од првите две шпански лиги изнесуваат 3,5 милијарди долари. Наплатата на овие долгови би била фатална за некои клубови.
Депортиво Ла Коруња и Расинг Сантандер би можеле да исчезнат, а некои други клубови помеѓу кои е и Валенсија, би биле приморани да ги продадат своите најдобри фудбалери за да излезат од долговите.
Членовите на Европскиот парламент сметаат дека е нелогично Шпанија да бара 40 милијарди евра помош за своите банки, а во исто време да државата да им простува на клубовите долг од 692 милиони евра за неплатен данок.
И другите европски клубови се гневни зошто со нивните пари да се помагаат шпанските клубови.
„Ние плаќаме милиони евра за да и помогнеме на Шпанија, а тие им простуваат долгови на своите клубови", неодамна изјави Ули Хенес, претседателот на Баерн Минхен.