Offside

Две словенски сестри во емотивна прегратка по освојувањето на златото и бронзата, во финалето на Европското првенство во фрлање копје.

Реал Мадрид шампион и во европската лига на пари

Осма година по ред Реал Мадрид остварува најголем приход во Европа според истражувањето на Делоит, а овој пат тие станаа и првиот клуб во било кој спорт што ја има надминато границата од 500 милиони евра приход.

Вистинската вредност на влезница од Премиер лигата

Англичаните направија анализа на вредноста на влезниците за натпреварите во однос на бројот на головите. Некои сопственици на сезонски влезници платиле 6 пати повеќе за секој гол што го виделе минатата сезона.

„Црвените ѓаволи“ останаа без топки

Екипата на Манчестер Јунајтед со соочи со кражба во сопствената тренинг база откако откри дека им недостасуваат топки кои се вредност од околу 3 000 фунти и кои исчезнале пред одржувањето на денешниот тренин.

Порто и Бенфика во војна на Фејсбук и ЈуТјуб

Фудбалските гиганти се повеќе ги користат социјалните медиуми за комуникација и остварување на своите маркетинг стратегии, но и за војување со ривалите. Најпознатите португалски клубови, Бенфика и Порто својата војна од теренот ја префрлија на Фејсбук и ЈуТјуб.

Матераци лаже x9

Стратегот на Челси, Рафа Бенитез сакаше до толку да не убеди дека Марко Матераци е лажго, што мораше да повтори дури 9 пати.

Мини класико со 16 000 навивачи

Б тимот на Барселона кој во недела ќе го пречека големиот ривал Реал Мадрид Кастиља привлекува огромен интерес за шпанските навивачи. За разлика од составот на Виланова кој на Кралевите им бега 15 бода, разликата помеѓу овие две екипите во втората лига изнесува 11 бодови.

„Тиботинг“ за Куртоа

По серијата одлични настапи на голманот Тибо Куртоа за Атлетико Мадрид, навивачите започнаа ново интернет лудило кое го нарекоа „Тиботинг".

Афричкиот Жозе Мурињо

Лусио Антунес кој работи како контролор на летање, направи историски чекор за спортот во Зеленортските острови. Земјата за која ретко кој слушнал дека воопшто се игра фудбал, настапува како дебитант и е најмала во Афричкиот Куп на нации оваа година.

Нокаут банана

Кошаркарот на Лон Анџелес Клиперс, Керон Батлер им покажа на сите како треба да се чува кошот од противникот. Но најмалку на тоа се израдува судијата.

Четвртолигашки „убијци“ на гиганти

За прв пат по нешто повеќе од 50 години еден четвртолигаш успеа да се пласира во финалето на Лига купот на Англија. По Арсенал и Виган, екипата на Бредфорд успеа да ја елиминира и Астон Вила.

Клизачи од судија

Судијата фаулираше фудбалер на Зенит за време на пријателскиот натпревар против Шахтар.

До 1.000 евра за билет за ЗОИ во Сочи

Започна продажбата на влезниците за Зимските Олимписки игри кои во 2014-та година ќе се одржат во рускиот град Сочи. Најдлабок џеб треба да имаат љубителите на хокејот и уметничкото лизгање.

Гвардиола е шлаг на тортата во Бундес лигата

Првенството каде во просек најмногу паѓаат голови, каде нема мега ѕвезди со специфичен карактер како оној на Ибра или Балотели, каде стадионите се најпосетени од сите спортови во Европа, се наметнува како голем предизвик за големите тренерски и фудбалски имиња, а има и зошто.

Пази грбот

Мајкл Мекомиш, борач од средно училиште имаше непријатно искуство на меч во кој никој не можеше да му го чува грбот. За среќа заврши само со неколку конци во главата, без сериозни последници.

Од камионџија до најмоќен тренер

Ник Сејбен кој во минатото низ Америка разнесувал Кока Кола, стана трикратен првак со екипата на Алабама Кримсон Тајд во популарниот американскиот фудбал (рагби) во универзитетската лига.

Ало, Нил Ленон на телефон

За време на прес конференција на фудбалскиот клуб Селтик, заѕвоне телефон со кој новинар го снимаше говорот на Нил Ленон. Тренерот кој има добра смисла на хумор реши да се јави.

Аматеризмот во македонскиот фудбал

Македонското фудбалско првенство отсекогаш било попатна станица за третолигашки странци, но последните неколку трансфери се „дно дна". Дали нашите тренери се премногу наивни или менаџерите кои носат фудбалери многу добро лажат.

Рекорден број на странци во Европа

Според новото истражување на Интернационалниот центар за спортски студии од Швајцарија, дури 36,1% од фудбалерите во националниоте првенства во Европа се странци, а во 6 лиги нема ни 50% домашни фудбалери.

Кога ќе те фати зорт

Фудбалерот на Саутемптон, Џејсон Панчн на сред игра за време на второто полувреме го напушти теренот заради голема нужда. Навивачите знаеа каде тој отиде, па го поздравија со неколку песни при неговото враќање.

Црвен картон на носилки

Голманот на Етиопија, Џамал Тасеу доби црвен картон за старт над напаѓачот на Замбија, но при стартот тој и самиот се повреди, па картонот му беше покажан додека беше изнесуван на носилки.

Најладниот фудбалски клуб во Европа

Оваа сезона во Македонија падна еден снег и веднаш се направи хаос со замрзнатите терени и се одложуваа натпревари, па клубовите едвај чекаа да започне зимската пауза. А што да кажат Финците кои тренираат на -18?

Мајсторија на мал простор

Фудбалерот на шкотскиот прволигаш Данди Јунајтед, Гери Мекеј со овој потег не потсети на златните денови на бразилецот Роналдињо во дресот на Барселона.

Стандарден турски пречек

Холандскиот ас Весли Снајдер кој денеска го официјализираше трансферот во Галасарај доживеа спектакуларен пречек од страна на турските навивачи кои се познати по својот темперамент.

Ди Канио ги нахрани навивачите

Волонтерите кои го исчистија снегот и овозможија да се одигра натпреварот помеѓу Свиндон и Шрузбури беа наградени со пица која отиде на сметка на италијанскиот стратег.