Над 3 години затвор за помошникот на Конте

Италијанското обвинителство побара 3 години и 4 месеци затвор за Масимо Карера, заменик тренерот на италијанскиот шампион Јувентус, за убиство без умисла односно вмешаност во сообраќајна несреќа во која загинаа 2 девојки.

Несреќата се случи на 31 декември 2011 година кога на недоволно осветлен автопат се судриле 3 автомобили, а потоа со својот мерцедес со голема брзина во нив удрил и Карера, кој не успеал на време да ги здогледа.

Казна затвор е побарана и за уште еден учесник во сообраќајката, но од 5 години поради што е утврдено дека возел под дејство на алкохол.

Инаку Масимо Кареа минатата сезона неколку месеци сам го водеше Јувентус, затоа што Антонио Конте беше суспендиран поради вмешаност во скандалот со наместени натпревари познат како „Калчоскомесе".

15 мај 2013 - 13:33