Легендарниот Аргентинец Хуан Роман Рикелме игра во топ форма и на 34 години. По победата од 1:0 на домашен терен, екипата на Бока Јуниорс одигра 1:1 на гостувањето кај Коринтијанс со што го елиминираше актуелниот шампион од Копа Либертадорес. Голот на Бока беше ремек-дело на Рикелме.