Најверните фанови на Евертон не седат со скрстени раце и за да ја реализираат ова идеја тие почнаа со потпишување на петиција преку која бараат големиот светски музичар и хуманист да го превземе клубот во свои раце.
Како најсериозен кандидат за купувањето на клубот се појави украинскиот милијардер Олег Бахматјук, но за навивачите на Евертон тоа би преставувало пропаст.
„Многу скандали се поврзани со името на Бахматјук и неговите бизниси низ светот, а тоа резултираше со отпуштање на 1000 работници во САД, како и 3000 работници во Украина кои останаа без работа поради негова вина. Не сакаме слично да биде оштетен и нашиот клуб", објаснуваат навивачите.
Според некои проценки вредноста на Евертон е околу 200 милиони долари, а богатството на Мекартни изнесува 800 милиони долари, но музичката ѕвезда која потекнува од Ливерпул до сега се нема изјаснето како голем фан на некој клуб.
Евертон е основан во 1878 година и до сега има освоено 9 шампионски титули во домашното првенство и 5 титули во ФА Купот, а последен пат се радуваше во 1995 година. За сега потпис за оваа иницијатива ставија 4500 навивачи.