Аналитичарите од СпортсПро и Еуроспорт четврта година по ред го пресметуваат маркетинг потенцијалот кај спортистите и за прв пат еден спортист се најде на првата позиција втора година по ред.
Оваа нивна листа се базира на маркетинг потенцијалот кој спортистите го имаат за следните три години, а тие се рангирани според нивната моментална вредност, возраст, големина на домашен пазар и харизма.
Според нивните проценки, Нејмар го заслужил првото место затоа што тој веќе е најголема спортска ѕвезда во Бразил и за него се интересираат сите европски фудбалски гиганти, а се очекува да блесне со сиот свој потенцијал и на Светското првенство кое ќе се одржи во неговата земја следната година.
На втората позиција е Аргентинецот Лионел Меси, а зад него е новата голф ѕвезда, Рори Мекилрој од Северна Ирска.
Четврти е рагбистот Роберт Грифин, петти е Усеин Болт, а зад него се Новак Ѓоковиќ, Луис Хамилтон и Кристијано Роналдо.
На листата од 50 спортисти со најголем маркетинг потенцијал има претставници на 19 различни спортови од 23 земји.