Американецот Ричард Свонсон тргна од Сиетл и неговиот план беше со дриблање да помине 16.000 километри низ 11 земји и следната година да пристигна во Сао Паоло пред почетокот на Светското фудбалско првенство.
Но по 2 недели дриблање, полицијата од Орегон соопшти дека во вторникот додека пешачел на автопат бил удрен од камион.
Веста за неговата смрт беше потврдена и на неговата фан страна на Фејсбук.
42-годишниот Американец ја загубил работата минатата година и немал доволно финансиски средства за да го гледа Светското првенство во Бразил, но сепак решил да си го исполни својот сон и тргнал пешки. По пат тој барал спонзори и преспивал кај непознати луѓе кои ќе му понуделе преноќевалиште.