- Бенфика на досегашните 8 европски финалиња има само 2 победи, додека Челси одигра 4 и има само еден пораз.
- Овие две екипи, за прв пат се сретнаа минатата сезона во четвртфиналето од Лигата на шампионите кога Челси под водство на Роберто Ди Матео ги елиминираше Португалците.
- Рафа Бенитез поради повреда ќе ги нема во составот Џон Тери и Еден Азар, а пред себе има екипа која има само еден пораз од септември.
- Португалците по освојувањето на Лигата на шампионите во 1962 година, беа поразени на сите 6 последователни европски финалиња.
- Напаѓачот на Бенфика, Оскар Кардозо 6 од последните 10 гола ги постигна против англиски екипи.
- Челси има можност да стане првата екипа која по освојување на Лигата на шампионите, ќе ја зграпчи титулата во Лигата на Европа.
- Доколку „Сините" вечерва триумфираат, по Јувентус, Ајакс и Баерн Минхен ќе станат четвртиот тим кој ги освоил Лигата на шампионите, Супер Купот на Европа и Лигата на Европа.
- Бенитез до сега како тренер има 138 меча на европските натпреварувања, за разлика од Хорхе Хезус кој има само 74. Но стратегот на Бенфика е поуспешен со 39 победи, за разлика од Бенитез кој има само една помалку.
- Оскар Кардозо со 6 и Фернандо Торес со 5 се најдобрите стрелци во своите тимови оваа сезона. Прв стрелец во Лигата на Европа е напаѓачот на Лацио, Либор Козак со 8 гола.