Во последната декада скоро сите НБА тимови играат со дресови со минималистички дизајн и при тоа не беа многу расположени за промени. Кошаркарите на Далас Маверикс играат со истите дресови од сезоната 2001/02 и нивниот сопственик Марк Кјубан конечно реши дека е време за промена.
Кјубан преку својот блог побара помош од навивачите. Секој заинтересиран може да му испрати слика, графика или било каква идеја, но за возврат нема да добие скоро ништо.
Како што напишал Кјубан, тие што ќе учествуваат во дизајнирањето на новиот дрес можат само да добијат право да им се фалат на пријателите, а ако е расположен, може да им подели и по некоја влезница.