Тимот на Арсен Венгер кој во своите редови го имаше плејмејкерот Цеск Фабрегас, за време на продажбата во 2011 година потпиша договор со Каталонците, според кој ќе добие 3 милиони фунти кога шпанскиот репрезентативец ќе ја освои првата титула со новиот тим.
Барселона со победата овој викенд против Атлетико Мадрид на гости, на 3 кола до крајот на шпанската премиера дивизон и математички стана шампион и сега има обврска да му искешира 3 милиони фунти на Арсенал.
Останатите половина милион фунти „Топџиите" ќе ги ќарат од промовирањето на Хул Сити во Премиер лигата, затоа што овој успех го постигнаа со нивниот поранешен напаѓач Џеј Симпсон кој од 2010 година е член на Хул, а за тимот од „Емирати" имаше само 3 настапи.